НОВА СЕЧА ВО ВЕЛЕШКО, ИСЕЧЕНИ ДЕСЕТИЦИ ДРВЈА ВО МЕСНОСТА ТРИТЕ ДОЛА

    НОВА СЕЧА ВО ВЕЛЕШКО, ИСЕЧЕНИ ДЕСЕТИЦИ ДРВЈА ВО МЕСНОСТА ТРИТЕ ДОЛАМештаните велат дека сечата се случила по Нова година (Фото: СДК.МК)

    Регистрирана е нова сеча на дрвја во Велешко, во месноста Трите Дола во реонот на Дервен. Исечени биле десетици дрвја покрај патот, но и во внатрешноста на месноста, каде што има бројни површини со лозја.

    „Бев да си го видам лозјето и на мое огромно изненадување видов исечени десетици дрвја. Најмногу се покрај патот, кој е суводолица, но има исечени дрвја и на други места. Не би можел да посочам кој е сторителот и зошто, но надлежните мора да почнат да контролираат и во овој дел“, вели велешанец кој во месноста Трите Дола има имот.

    Додава дека ова се случило по Нова година, бидејќи при претходната посета пред презниците дрвјата не биле исечени.

    Претходно рекреативци реагираа дека е исечен дел од шумата со чемпрес на ридот Св. Илија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира