По подолг период, се зголемува бројот на заразени од коронавирус во Кумановско. Во Центарот за јавно здравје во Куманово денеска се регистрирани нови 21 случај на позитивни на ковид-19. Од нив 13 се во Куманово и 8 во Липково.
„Се работи за пациенти од познати кластери, кои веќе имале некој заболен во семејството. Очекуваме во наредните денови бројот на заболени да порасне, како последица од предизборната кампања во која не се почитуваа протоколите и мерките за социјална дистанца и заштита“, вели Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје во Куманово.
Денеска направени се 58 тестирања, 21 по Мој термин и 37 контролни тестови.
Досега во Центарот за јавно здравје регистрирани се вкупно 933 заразени од Општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Активни се 247 пациенти, а 18 се лекуваат на Инфективното одделение во Кумановската болница.
С. НИКОЛИЌ