НОВИ 20 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО ВЕВЧАНИ КАДЕ 10 ДЕНА НЕМАШЕ НИЕДЕН АКТИВЕН СЛУЧАЈ, ТРЕТИОТ БРАН ГИ ПОГОДИ ПОМЛАДИТЕ

    НОВИ 20 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО ВЕВЧАНИ КАДЕ 10 ДЕНА НЕМАШЕ НИЕДЕН АКТИВЕН СЛУЧАЈ, ТРЕТИОТ БРАН ГИ ПОГОДИ ПОМЛАДИТЕОд 20 до 40 години се 60% од заболените, вели Јован Стојкоски, директор на Здравствен дом Вевчани. (Фото: СДК.МК)

    За само неколку дена, бројот на заболени со коронавирусот во Вевчани порасна на 20 лица. Претходно, во оваа струшка општина десет дена немаше ниту еден активен случај. Третиот бран во Струшко ги погоди претежно помладите од Вевчани, но и од селата Велешта, Октиси, Добовјани и Татеши.

    „Старосната граница е релативно помлади луѓе, значи од 20 до 40 години се некаде 60 проценти од заболените. Клиничката слика е еднаква како што беше претходно, немаме некои измени“, вели Јован Стојкоски, директор на Здравствен дом Вевчани.

    Дел од заболените кои се со потешки симптоми се испраќаат на Инфективните одделенија во Струга или Скопје. Останатите се лекуваат со амбуланска терапија во дневната ковид-болница во Вевчани.

    „Овој број на пациенти е помал во споредба со ноември и сметаме дека сме екипирани да се справиме со овој наплив на пациенти од ковид-19“, додава Стојкоски.

    Во Струшката болница моментално се хоспитализирани 18  болни со коронавирусот. Директорот Мухамед Асани вели дека состојбата е под контрола, сè уште има болнички кревети на одделенијата, но ако бројот на новозаболени се зголемува ќе биде ставена во функција и Модуларната болница која е опремена и со централен довод на кислород.

    „Имаме и помлади пациенти. Еден од нив е транспортиран во Скопје, а вчера примивме уште еден млад пациент од 27 години. Модуларната болница е спремна и доколку има потреба ќе примаме пациенти и таму. Спремни сме и кадровски и просторно“, вели Асани.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира