Јавното претпријатие „Македонски пошти“ ќе вгради камери во новите возила, за да ја следат дистрибуцијата на пратките, одлучи Управниот одбор. Целта е да се надминат проблемите кои се појавиле при испораката, но не епрецизрано за какви аномалии станува збор.
„Како новина во возилата ќе вградиме камери во товарниот дел. Така ќе се следи пратката од самото задолжување во поштата, транспортот, до испораката на корисникот на услугата. Така ќе ги отстраниме некои аномалии кои се јавија во испорката“, кажа Николчо Угринов, заменик-генерален директор на „Македонски пошти“, при предањето на три возила на подружницата во Велес.
Новите возила „фиат дабло“, модел од 2026 година, се опремени со најмодерна опрема, климатизација, навигација, сензори, задни камери, со носивост од 750 кг. Велешката Пошта покрива три општини, Велес, Чашка и Градско со вкупно 70.000 жители и 11 поштенски експозитури.
П. ПЕЧКОВ



