НОВОТО УЧИЛИШТЕ ВО КАПИШТЕЦ ДА СЕ ВИКА КИРО ГЛИГОРОВ СО НАЈМНОГУ ПРЕДЛОЗИ НА АНКЕТАТА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

    НОВОТО УЧИЛИШТЕ ВО КАПИШТЕЦ ДА СЕ ВИКА КИРО ГЛИГОРОВ СО НАЈМНОГУ ПРЕДЛОЗИ НА АНКЕТАТА НА ОПШТИНА ЦЕНТАРУчилиштето ќе биде целосно адаптирано за лица со попреченост. - Градоначалникот на Општина Центар и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на увид на градежните работи (Фото: Општина Центар)

    Новото основно уличиште во населбата Капиштец ќе биде отворено во септември, со почетокот на учебната година. Кое име ќе го носи Општина Центар уште не одлучила, но на анкетата која ја објави за граѓаните да доставуваат идеи, најголем број од предлозите биле името на првиот претседател на државата Киро Глигоров.

    Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека предлозите ќе бидат доставени до Советот на Општина, по што ќе се одлучи за името на училиштето.

    „Градежните работи се 97 отсто завршени. Остануваат уште некои ситни зафати, па кон почетокот на август ќе почнеме со опремување на училиштето. Ова е прво школо кое е целосно адаптирано за лица со попреченост. На почетокот ќе биде од прво до петто одделение, а со годините ќе прерасне во деветолетка. Има капацитет за 500 ученици“, вели Богдановиќ.

    Училиштето во Капиштец почна да се гради во октомври 2016 година, кога градоначалник беше Андреј Жерновски. Зафаќа површина од 10.600 квадратни метри и се наоѓа на улиците Васил Ѓоргов и Адам Мицкијевиќ. Изградбата на училиштето чини околу 5 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира