НОВОТО УЧИЛИШТЕ ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ ЌЕ СЕ ВИКА „КИРО ГЛИГОРОВ“

    НОВОТО УЧИЛИШТЕ ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ ЌЕ СЕ ВИКА „КИРО ГЛИГОРОВ“Училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец ќе почне со работа на први септември, има капацитет за 500 ученици. (Фото: Општина Центар)

    Новото основно училиште во скопската населба Капиштец ќе го носи името на првиот претседател на државата Киро Глигоров. Владата на денешната седница доде позитивно мислење за основање на ново основно училиште во Скопје кое ќе се вика „Киро Глигоров“.

    Токму за ова име имаше најмногу предлози на анкетата која ја распиша Општина Центар за именување на новото училиште.

    Училиштето во Капиштец ќе почне со работа на  први септември. На почетокот ќе биде од прво до петто одделение, а со годините ќе прерасне во деветолетка. Има капацитет за 500 ученици. Ова е прво школо кое е целосно адаптирано за лица со попреченост.

    Училиштето е дело на архитект Бесиан Мехмети со архитект Стефан Атанасоски, архитект Никола Кунгуловски и архитект Арменд Хебипи.

    Училиштето во Капиштец почна да се гради во октомври 2016, кога градоначалник беше Андреј Жерновски. Зафаќа површина од 10.600 квадратни метри и се наоѓа на улиците Васил Ѓоргов и Адам Мицкијевиќ. Изградбата на училиштето чини околу 5 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари