НОВОЗАБОЛЕНИТЕ БИТОЛЧАНИ НЕ СЕ МЕЃУСЕБНО ПОВРЗАНИ СЛУЧАИ

    НОВОЗАБОЛЕНИТЕ БИТОЛЧАНИ НЕ СЕ МЕЃУСЕБНО ПОВРЗАНИ СЛУЧАИВо борбата против КОВИД-19 покрај Центарот за јавно здравје, вклучени се и Клиничката болница во Битола и Здравствениот дом со сите расположиви капацитети (Фото: СДК.МК)

    Во Битола досега се регистрирани шестмина регистрирани позитивни на коронавирусот.

    Според епидемиологот Тони Коњановски од Центараот за јавно здравје од шесте случаи, тројца се од еден кластер, а останатите тројца меѓусебно не се поврзани. Тоа значи дека двајцата новозаболени пациенти немаат врска со оние од болницата „Плодност“.

    Коњановски на својот фејсбук профил напиша дека во изминатиов период повеќе од 100 лица се ставени под здравствен надзор во самоизолација преку Дирекцијата за санитарен и здравствен инспекторат и уште многу повеќе во самоизолација по основ на патување во странство и слично. Земени се примероци и тестирани се над 80 лица, најголем дел по епидемиолошки индикации, а дел преку пунктот преку Мој термин и матичните лекари. Во градот и околината во објектите на државните карантини, сместени се преку 150 граѓани кои се вратиле во земјава со организирани транспорти.

    „Се подготвува и капацитетот на болницата во Битола, каде има анестезиолози и инфектолози, и целокупен медидински кадар. Таму на располагање има 35 кревети, а може да се оспособи до 100 кревети, каде ќе се третираат пациенти од тој регион“, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

    Во борбата против КОВИД-19 покрај Центарот за јавно здравје, вклучени се и Клиничката болница и Здравствениот дом со сите расположиви капацитети. Обезбедени се изолациони оддели во Инфективното одделение и соби за изолција на сите одделенија.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира