ОБЕЗБЕДЕН БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА НАД 40 УЧЕНИЦИ ОД ШТИПСКОТО СЕЛО РАДАЊЕ КОИ ЌЕ УЧАТ ВО КАРБИНЦИ ОТИ СЕ РЕНОВИРА ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ

    ОБЕЗБЕДЕН БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ЗА НАД 40 УЧЕНИЦИ ОД ШТИПСКОТО СЕЛО РАДАЊЕ КОИ ЌЕ УЧАТ ВО КАРБИНЦИ ОТИ СЕ РЕНОВИРА ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕПоради реновирање на училиштето, над 40 ученици од прво до петто оделение во подрачното училиште во штипското село Радање, учат во ОУ„Страшо Пинџур“ во селото Карбинци. (Фото: СДК.МК)

    Над 40 ученици од прво до петто оделение во подрачното училиште во штипското село Радање, поради реновирање на училиштето не ја започнаа наставата во своето село туку во ОУ„Страшо Пинџур“ во селото Карбинци. За сите ученици кои ја посетуваат наставата во ова училиште обезбеден е бесплатен превоз.

    „Поради комплетно реновирање на селското училиште во Радање, создадовме услови и згриживме над 40 ученици од подрачното училиште од прво до петто оделение од селото Радање и уште дваесетина од предметната настава од ова село во кое учеа ученици од плачковичките села претежно со турско население. Тие се на настава во ОУ ‘Страшо Пинџур’ во селото Карбинци,“ рече градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов.

    Паунов вели дека тендерските постапки, сите процедури и правни формалности на проектот завршиле во овој период па се случило имплементирањето на проектот да започне пред почетокот на оваа учебна година. Затоа, учениците почнале со настава онаму каде што има простор, а тоа е зградата на ОУ „Страшо Пунџур“ во селото Карбинци.

    Според динамиката на проектот за реновирање на училиштето во селото Радање, градоначачникот на Карбинци вели дека градежните активности се очекува да траат во текот на првото полугодие, а за време зимскиот распуст училиштето да се опреми и за второто полугодие да започне со редовна настава. Инвестицијата чини 9 милиони денари (145.000 евра ) од кои половината се од Министерството за локална самоуправа, а другата половина од буџетот на Општина Карбинци.

    Општина Карбинци има две одновни училиша и тоа само во селата Карбинци и Крупиште, и девет подрачни училишта од прво до петто одделение во исто толку населби од селото. Вкупно има 400 ученици и за дел од нив минатата година е во употреба нова училишна зграда во селото Таринци. Во близина на ова село се ноаѓа и новата градинка која е со капацитет за 50 деца од целата општина, и таа од оваа година се надоградува со нов објект за згрижување на нови 50 деца.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира