Рано утрово, во 5.45 часот продоложи изградбата на спорната сообраќајница која ќе го пресече шеталиштето на Кеј 13 Ноември за која Општина Центар на 19 март донесе забрана за градба. Кафеанџиите велат дека педесетина работници како на работна акција брзаат да ги извадат плочките додека нема народ.
Во моментов на Кејот пристигнала полиција и акцијата е сопрена.
Кафеанџиите од Кејот велат дека Град Скопје повторно подмолно, во недела наутро пред празник продолжува со градежни активности на спорната улица.
На 20 март Советот на општина Центар изгласа наместо улица на кејот да има шеталиште со клупи, жардиниери и корпи за отпадоци. За Одлуката за утврдување и изглед на градба – пешачки улици и патеки Кеј 13 Ноември од улицата Фипип Втори до објектот на Телеком не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.