Од денес во автобусите на ЈСП „Скопје“ патниците можат да купат билет за едно возење. Освен во автобусите билетот може да се купи и во сите билетарниците на претпријатието. Цената на билетот за едно возење е 50 денари.
Билетот е наменет за еднократна употреба, со вграден бесконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактиилен со постоечката опрема, односно се валидира бесконтактно на постоечките валидатори.
„Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со ’Скопска‘ или мобилен телефон“, велат од ЈСП.
Од претпријатието информираат дека цената на останатите видови билети останува непроменета. И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари“.
А. АНТЕВСКА