ЈП „Билјанини извори” започна наплата на паркинг по повисоки цени кои важат за летниот период. Во строгиот центар паркирањето од еден час ќе чини 100 денари.
„Ги известуваме сите корисници на градскиот паркинг простор со кој ние стопанисуваме дека од денеска започнуваме со наплата согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август). Цената на еден час паркирање на јавните паркиралишта ќе изнесува 30 денари во зона Б, 40 денари во зона А и 100 денари во зона премиум”, велат од ова јавно претпријатие.
Во изминатиот период, поради КОВИД-19 еден период не се наплаќаше паркинг, а сегашните цени во зоните А и Б се повисоки за 10 денари во однос на зимскиот период.
Д. ЧУБРИЌ