ОД ДЕНЕСКА ВО ОХРИД ЛЕТНИ ЦЕНИ – ПАРКИНГ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР 100 ДЕНАРИ ЗА ЧАС

    ОД ДЕНЕСКА ВО ОХРИД ЛЕТНИ ЦЕНИ – ПАРКИНГ ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР 100 ДЕНАРИ ЗА ЧАССегашните цени во зоните А и Б се повисоки за 10 денари во однос на зимскиот период (Фото: СДК.МК)

    ЈП „Билјанини извори” започна наплата на паркинг по повисоки цени кои важат за летниот период. Во строгиот центар паркирањето од еден час ќе чини 100 денари.

    „Ги известуваме сите корисници на градскиот паркинг простор со кој ние стопанисуваме дека од денеска започнуваме со наплата согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август). Цената на еден час паркирање на јавните паркиралишта ќе изнесува 30 денари во зона Б, 40 денари во зона А и 100 денари во зона премиум”, велат од ова јавно претпријатие.

    Во изминатиот период, поради КОВИД-19 еден период не се наплаќаше паркинг, а сегашните цени во зоните А и Б се повисоки за 10 денари во однос на зимскиот период.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари