ОД ДОЛНИОТ ТЕК НА ВАРДАР ПРЕМНОГУ СЕ ЦРПИ ПЕСОК И ЧАКАЛ И РЕКАТА Е РАЗЛЕАНА, ПРЕДУПРЕДУВААТ КАЈАКАРИТЕ

    ОД ДОЛНИОТ ТЕК НА ВАРДАР ПРЕМНОГУ СЕ ЦРПИ ПЕСОК И ЧАКАЛ И РЕКАТА Е РАЗЛЕАНА, ПРЕДУПРЕДУВААТ КАЈАКАРИТЕЖителите на населените места вдолж Вардар со години се жалат дека ископот ги загрозува околните куќи и имоти, а загрозени се дури и локални мостови. (Фото: СДК.МК)

    Во долниот тек на реката Вардар после Велес премногу се црпи песок и чакал, предупредуваат кајакарите кои во јуни учествуваа на Тиквешката регата.

    „На секои 100 метри по Вардар има база за вадење на песок или чакал од реката. Од толку што е изменет текот, не се знае каде ѝ е течението на реката. Разлеан е како Дунав, ама колку длабок. Премногу се уништува природата заради материјални добра“, предупредува велешкиот кајакар Владо Стојановски, кој над 60 години плови по Вардар и е единствениот учесник на сите 22 Вардарски регати, кои се веслаа од Велес до Гевгелија.

    Жителите на населените места вдолж Вардар со години се жалат дека наместо уредување на речното корито, на нивен грб се прави бизнис што ги загрозува околните куќи и имоти, а загрозени се дури и локални мостови.

    Од Инспекторатот за животна средина лани кажаа дека се извршени педесетина контроли на терен, а недостатоци биле утврдени на Црна Река, Вардар, Лепенец, Лакавица. Но, често ископи продолжуваат нелегално, откако ќе им бидат одземени дозволите на фирмите што ги добиле.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира