ОД ЕУ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ 29 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО БИТОЛА

    ОД ЕУ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ 29 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ВО БИТОЛАПречистителната станица ќе понуди трајно решение за загадената вода во реката Драгор, каде и покрај енормното загадување до пред неколку месеци по нечија лична иницијатива се одгледуваа пајки, но надојдената река ги однесе (Фото: СДК.МК)

    Обезбедени се приближно 29 милиони евра за изградба на пречистителна станица и колекторски систем во Општина Битола. Дури 85 проценти од средствата се обезбедени преку ИПА фондовите, а 7,5 милиони евра од Владата на РМ.

    Од Општина Битола, по средбата со претставници од ИПА фондовите и Министерството за животна средина, соопштија дека се исполнети сите услови за да се започне со реализација на проектот кој ќе биде од големо еколошко значење за битолскиот регион. Општината од својот буџет обезбеди 17 милиони денари за експропријација на земјиштето, постапка која ќе заврши до март годинава.

    „Во пролетниот период треба да се објави јавна набавка за избор на ревизија на проектот, надзор и изведувач, а до крајот на годината да се потпишат договорите за изградба и ќе започнат активностите. Согласно предвидената проектна динамика, Општина Битола до крајот на 2020 година или најдоцна до почетокот на 2021 година, треба да добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината“, соопшти Општината.

    Во моментов не постои пречистителна станица за отпадни комунални води во општината. Комуналните отпадни води од домаќинствата се испуштаат директно во реката Драгор, која е екстремно загадена, а минува низ центраот за Битола. Отпадните води од индустријата се испуштаат без претходен третман во Петтиот канал или во реката Драгор, кои се притоки на Црна Река.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира