ОД НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ПУНКТОВИ ЗА СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА ЗА БЕЗДОМНИЦИ И СИРОМАШНИ

    ОД НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ПУНКТОВИ ЗА СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА ЗА БЕЗДОМНИЦИ И СИРОМАШНИГраѓаните ќе можат да донираат храна, средства за хигиена и чистење, облека, обувки и постелнина. - Интервентниот прифатен центар во „Момин поток“ во Скопје (Фото: Министерство за труд и социјална политика)

    Здружението на граѓани за помош и поддршка на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“ и оваа година организира пунктови во Скопје на кои ќе можат да се донираат храна, средства за хигиена и чистење, облека, обувки и постелнина. Целта е да им се помогне на бездомниците и на сиромашните и да им се обезбедат најнеопходните работи за претстојниот студен период.

    На 16 и 17 октомври се одбележуваат Светскиот ден на борба против гладот и Светскиот ден на борба против сиромаштијата, кога ќе се реализираат два од предвидените осум собирни пунктови.

    Акцијата стартува на 6 октомври, кога од 11 до 18 часот ќе има пункт во „Веро“ во Кисела Вода. Таму средствата ќе се собираат и на 8 октомври од 12 до 19 часот. Следни пунктови ќе се организираат во „Веро“ во Аеродром на 13 и 16 октомври, „Тинекс“ во „Зебра“ на 17 и 20 октомври и во „Тинекс“ во Карпош 3 на 17 и 20 октомври.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари