ОД НЕДЕЛА ВО ОХРИД ПОЕВТИНУВА ПАРКИРАЊЕТО, ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР ЕДЕН ЧАС НАМЕСТО 100 ЌЕ БИДЕ 60 ДЕНАРИ

    ОД НЕДЕЛА ВО ОХРИД ПОЕВТИНУВА ПАРКИРАЊЕТО, ВО СТРОГИОТ ЦЕНТАР ЕДЕН ЧАС НАМЕСТО 100 ЌЕ БИДЕ 60 ДЕНАРИНа јавните површини околу центарот, во зоната А паркингот за еден час ќе чини 30 денари наместо досегашните 40 денари, а во зоната Б паркирањето од 30 денари се намалува на 20 денари.(Фото: СДК.МК)

    Од недела во Охрид поевтинува паркирањето во сите паркинг зони. Најдрастично е намалувањето во премиум зоната во строгиот центар на градот. Таму летово за еден час се наплаќаше 100 денари, а од недела цената ќе биде 60 денари.

    На јавните површини околу центарот, во зоната А паркингот за еден час ќе чини 30 денари наместо досегашните 40 денари, а во зоната Б паркирањето од 30 денари се намалува на 20 денари.

    Со завршувањето на официјалниот дел на туристичката сезона во Охрид беа отстранети и рампите кај Горна порта и црквата Света Богородица Каменско низ кои можеше да се помине само со посебни пропусници.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира