Раководството на „Маркарт Македонија“, компанијата која има фабрика во близина на Велес, одлучи од понеделник 650-те вработени да не одат на работа, ќе бидат на колективен платен одмор. Дома ќе седат најмалку една седмица, а кога ќе продолжат со работните обврски ќе зависи од развојот на состојбата со коронавирусот во земјава.
„Во зависност од развојот на настаните, согласно препораките на Владата и најважно од сè, здравјето и безбедноста на нашите вработени ќе зависи отпочнувањето со работа како и интензитетот и капацитетот на работа“, се вели во писмената информација на менаџментот на „Маркарт Македонија“.
Како проблем во работењето ги посочуваат зголемени трошоци за испорака, оневозможена е посетата од нивните клиенти, како и сервисерите на опремата кои доаѓаат од Германија, Романија, Србија. Велат дека досегашниот работен процес дека го организирале благодарејќи на флексибилноста на вработени, со одредени потешкотии и препреки успеале да ја организираат работата. Фабриката произведува автомобилски делови за гигантите „Мерцедес“ и „Порше“.
П. ПЕЧКОВ