ОД ЦРКВИ ВО СТРУШКО УКРАДЕНИ СЕ 600 ИКОНИ, ДРУГИТЕ СЕ СКРИЕНИ ВО ДЕПОА

    ОД ЦРКВИ ВО СТРУШКО УКРАДЕНИ СЕ 600 ИКОНИ, ДРУГИТЕ СЕ СКРИЕНИ ВО ДЕПОАПоради ваквата состојба, околу 500 икони од овој дел на Македонија се тргнати од црквите и се чуваат во посебни депоа. - Украдени икони (Фото: СДК.МК)

    Од неколку цркви во селата во струшкиот регион, сместени во близината на границата со Албанија за неколку години украдени се околу 600 икони од познатиот Дичо Зограф. Полицијата има фатено неколкумина од крадците.

    Крсте Кутановски, жител на Радожда, вели дека од црквата „Свети Илија” во Радожда украдени биле икони стари и до четири века.Тој бара поголема заштита на надлежните органи.
    Жителите во близина на граничниот премин Ќафасан велат дека крадците доаѓаат од Албанија.

    „На шумските патеки во близина на селото, наши соселани кои таму берат шумски плодови наоѓаат делови од оштетени предмети од црквата кои крадците тука ги фрлаат, бидејќи се тоа делови на искршени врати, прозорци”, вели жител од овој крај.

    Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димовски кажа дека неодамна бил фатен државјанин на Албанија, кој извршил кражби во некои струшки села. Тој на илегален начин влегувал и излегувал од земјава.
    Албанската полиција досега во Тирана пронајде седум икони кои потекнуваат од струшкиот регион.

    Поради ваквата состојба, околу 500 икони од овој дел на Македонија се тргнати од црквите и се чуваат во посебни депоа.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира