Осетно е редуциран железничкиот патнички сообраќај, кој ќе се применува од среда. Причината е зголемено времетраење на полициски час, кој ќе трае од 16 до 5 часот, а стапува на сила на 8 април, соопштуваат од МЖ АД Транспорт.
Кон Битола од Скопје ќе има патнички воз наутро во 6,57 а од Битола кон Скопје во 10,50, кон Гевгелија со поаѓање од Скопје во 6,23 а од Гевгелија кон Скопје во 11,30 ч. На релацијата Скопје – Велес ќе поаѓаат во 9,15, 12,40 а од Велес кон Скопје во 6,45, 11,30 и 13,44. Од утре попладне нема да сообраќа патничкиот воз кон Кичево, од пред две седмици не сообраќаат ниту возовите кон Кочани и кон Куманово.
Во викенд, сабота и недела нема да сообраќа ниту еден патнички воз.
П. ПЕЧКОВ