САМО ДЕВЕТ ПАТНИЧКИ ВОЗОВИ ДНЕВНО ПОРАДИ ПОДОЛГИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ВО САБОТА И НЕДЕЛА НЕМА ВОЗОВИ

    САМО ДЕВЕТ ПАТНИЧКИ ВОЗОВИ ДНЕВНО ПОРАДИ ПОДОЛГИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ВО САБОТА И НЕДЕЛА НЕМА ВОЗОВИВо викенд, сабота и недела нема да сообраќа ниту еден патнички воз, бидејќи има целосна забрана за движење. (Фото: СДК.МК)

    Осетно е редуциран железничкиот патнички сообраќај, кој ќе се применува од среда. Причината е зголемено времетраење на полициски час, кој ќе трае од 16 до 5 часот, а стапува на сила на 8 април, соопштуваат од МЖ АД Транспорт.

    Кон Битола од Скопје ќе има патнички воз наутро во 6,57 а од Битола кон Скопје во 10,50, кон Гевгелија со поаѓање од Скопје во 6,23 а од Гевгелија кон Скопје во 11,30 ч. На релацијата Скопје – Велес ќе поаѓаат во 9,15, 12,40 а од Велес кон Скопје во 6,45, 11,30 и 13,44. Од утре попладне нема да сообраќа патничкиот воз кон Кичево, од пред две седмици не сообраќаат ниту возовите кон Кочани и кон Куманово.

    Во викенд, сабота и недела нема да сообраќа ниту еден патнички воз.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира