ОД УТРЕ СЕ ПРЕКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ВОВЕДЕН ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

    ОД УТРЕ СЕ ПРЕКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ВОВЕДЕН ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТОБесплатен превоз беше воведен вчера со два дена задоцнување. (Фото: К. Попов)

    Од утре наутро престанува да важи бесплатниот автобуски превоз во Скопје воведен како мерка поради загадениот воздух. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, бесплатниот превоз се прекинува бидејќи среднодневните концентрации на РМ10 честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3.

    Град Скопје ќе продолжи и натаму да ја следи состојбата со аерозагадувањето и во случај од потреба за повторно активирање на мерките, меѓу кои и бесплатен јавен превоз, ЈСП Скопје навремено ќе ја информира јавноста“, велат од ЈСП „Скопје“.

    Бесплатен автобуски превоз во Скопје беше воведен вчера попладне, два дена откако Владата прогласи високо загадување и донесе препораки до Општините да преземат мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира