ОД УТРЕ СЕ УКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ОТИ ЗАГАДУВАЊЕТО Е НАМАЛЕНО, ВЕЛИ ГРАД СКОПЈЕ

    ОД УТРЕ СЕ УКИНУВА БЕСПЛАТНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ОТИ ЗАГАДУВАЊЕТО Е НАМАЛЕНО, ВЕЛИ ГРАД СКОПЈЕМерките против загадување беа воведени во понеделникот. (Фото: СДК.МК)

    Од утре се укинува бесплатниот автобуски превоз воведен пред два дена поради високото аерозагадување во Скопје. Од Секторот за животна средина на Град Скопје денеска информираа дека добиле известување од Министерството за животна средина дека на државните мерки станици регистрирано е загадување под 100 микрограми на метар кубен. Поради тоа се укинуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните воведени во понеделникот кога загадувањето беше над 150 микрограми на метар кубен.

    „Загадувањето е намалено што значи низата мерки кои ги воведовме дадоа резултат“, рекоа од Секторот за животна средина на Град Скопје.

    Градоначалничката Данела Арсовска вели дека Градот во наредниот период ќе спроведе низа системски мерки за намалување на загадувањето, но таа за два месеци не е може да го реши овој проеблем, за кој минатиот градоначалник Петре Шилегов и власта на СДСМ не направиле ништо 5 години.

    „Централната власт е таа која треба да спроведе системски мерки против загадувањето, не може Градот сам, нема такви надлежности. Ако не се способни нека си дадат оставки. Не може секој ден да умираат луѓе од загадување, а ништо да не се направи на тоа поле 5 години. Самите услови налагаат дека централната власт треба посериозно да преземе мерки врзани за она коешто го гледаме сега, а коешто е извесен аларм. Ние нашите препораки ги издадовме, нашите препораки се базираат на тоа коешто е утврдено претходно како план, меѓутоа за дел од нив обврски има и централната власт“, рече градоначалничката Арсовска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира