ОД УТРЕ ВОЗОВИТЕ ЌЕ СООБРАЌААТ И ПОПЛАДНЕ

    ОД УТРЕ ВОЗОВИТЕ ЌЕ СООБРАЌААТ И ПОПЛАДНЕОд утре останува истиот број на патнички возови, со тоа што дел се враќаат во сообраќај во попладневните термини поради скратениот полициски час. (Фото: СДК.МК)

    Скратениот полициски час заради заштита од корнавирусот предизвика ново поместување на возниот ред на Македонски Железници АД Транспорт. Останува истиот број на патнички возови, но со тоа што дел се враќаат во сообраќај во попладневните термини. Овој железнички возен ред стапува на сила од утре.

    Од Скопје за Битола има два патнички воза кои поаѓаат во 6,57 и 14,30, додека од Битола тргнуваат во 6 и во 12,51 часот. За Гевгелија од железничка станица Скопје тргнуваат во 6,23 и 15,24. додека од Гевгелија поаѓаат во 5,40 и 15,10 часот. Во сабота кон Битола и Гевгелија и обратно сообраќаат само утринските возови, кои нема да сообраќаат во понеделник наутро.

    Од Скопје кон Велес патнички возови има во 9,15 и 13,20 додека од Велес кон Скопје во 6,40, 12,10 и 14,24 како и патничките возови кои сообраќаат од и кон Битола и Гевгелија.

    И натаму не сообраќаат патнички возови на релациите кон Кичево, Кочани и Куманово.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира