Нема да вози меѓународниот воз од Белград за Солун и обратно, кој требаше да почне да сообраќа од денес. Така одлучиле трите компании, Македонски железници АД Транспорт, Србија воз од Србија и Траиносе од Грција, соопшти Македонски железници. Причината се засега затворените граници и состојбата со КОВИД-19.
„Бидејќи во моментот не постојат услови за непречен проток на патници кои би патувале со возовите на релација Белград-Скопје-Солун-Белград, во координација со Србија воз и Траиносе, се одложува почетокот на сообраќај на овие возови до усогласување на ставовите на железничките управи на превозниот пат и создавање на услови за непречен сообраќај“, се вели во соопштението на Македонски железници.
П. ПЕЧКОВ