ОДЗЕМЕНИ ДВЕ ВРЕЌИ СО ПАСТРМКА ВО ОХРИД, САМО ПОЛИЦИЈАТА ГО ЧУВА ЕЗЕРОТО ОТИ НЕМА КОНЦЕСИОНЕР

    ОДЗЕМЕНИ ДВЕ ВРЕЌИ СО ПАСТРМКА ВО ОХРИД, САМО ПОЛИЦИЈАТА ГО ЧУВА ЕЗЕРОТО ОТИ НЕМА КОНЦЕСИОНЕРПолициски службеници пронајдоа и одзедоа две вреќи со 52 парчиња пастрмка (Фото: СДК.МК)

    Охридската полиција вчера на брегот во Пештани одзеде две вреќи полни со охридска пастрмка и 11 риболовни мрежи. Уловот тежел педесетина килограми, што е рекордна заплена од рибокрадци во последниве месеци.

    „Вчера, при преземање мерки поврзани со незаконски риболов на Охридското Езеро, полициски службеници пронајдоа и одзедоа две вреќи со 52 парчиња уловена пастрмка, 11 риболовни мрежи и други риболовни алатки и прибор. Тие се предадени во Хидробиолошкиот завод Охрид, а СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите на казненото дело незаконски риболов, по што ќе поднесе соодветна пријава”, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

    По неодамнешното раскинување на договорот со дотогашниот концесионер за рибниот фонд во Охридското Езеро, сега за него се грижат само СВР Охрид и езерската полиција.

    Лани за првпат од 1988 година не беше спроведен риболов на охридска пастрмка за вештачки мрест, што од старо време се вршеше во периодот од 20 јануари до крајот на март.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира