ОГРАБЕНА БАНКА ВО ЧАИР, ПОВРЕДЕН ВРАБОТЕН

    ОГРАБЕНА БАНКА ВО ЧАИР, ПОВРЕДЕН ВРАБОТЕННеколку лица со оружје влегле во банка, по што повреден е еден вработен, дел од обезбедувањето. (Фото: СДК.МК)

    Утрово ограбена е експозитура на НЛБ Тутунска банка во скопската населба Чаир, потврдија од Министерството за внатрешни работи. При грабежот повреден е вработен, кој бил обезбедување на експозитурата.

    „Во 10.36 часот пријавено е разбојништво од страна на неколку лица со оружје во банка на улица Ферид Бајрам кои одзеле пари. Од страна на сторителите бил физички нападнат Е. Е. (26), кој е вработен како обезбедување во банката. Повредени лица од оружје нема. Веднаш по добивањето на пријавата, преземени се мерки и активности од полициски службеници“, велат од МВР.

    Од МВР велат дека ова се првични информации, засега не е познато колку пари се украдени.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари