ОГРАБЕНИ 10 ВИКЕНДИЦИ ВО НАСЕЛБАТА ИСТОК ДО ЛАГАДИН, УКРАДЕНИ ШПОРЕТИ, ТЕЛЕВИЗОРИ, ФРИЖИДЕРИ

    ОГРАБЕНИ 10 ВИКЕНДИЦИ ВО НАСЕЛБАТА ИСТОК ДО ЛАГАДИН, УКРАДЕНИ ШПОРЕТИ, ТЕЛЕВИЗОРИ, ФРИЖИДЕРИНаселбата Исток близу Лагадин била погодна мета на крадците бидејќи во добар дел од неа има викендички во кои сега никој не живее, туку се користат главно на лето; -Лагадин. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Засега непознато крадци денес влегле во 10 викендички во населбата Исток во близина на Лагадин кај Охрид,  во кои во моментално никој не живее. Ги искршиле влезните врати и прозорците и од куќите извлекле главно бела техника. Од викендичките арамиите украле шпорети, телевизори, фрижидери и друга бела техника.

    Во текот на денов до полицијата во Охрид стигнала најпрво само една пријава за кражба, а потоа кога излегле на терен и утврдиле дека се опустошени десет куќи. Од СВР Охрид велат дека полициски екипи досега вршеле темелен увид на местото на настанат, а се преземаат и мерки за откривање на сторителите на кражбите,

    Оваа населба била погодна мета на крадците бидејќи во добар дел од неа има викендички во кои сега никој не живее, туку се користат главно на лето.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира