ОХРИД БЕЗ ГОСТИ ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВА ГОДИНА, ХОТЕЛИТЕ ПРАЗНИ, А ИНСПЕКТОРИТЕ СО ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ

    ОХРИД БЕЗ ГОСТИ ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВА ГОДИНА, ХОТЕЛИТЕ ПРАЗНИ, А ИНСПЕКТОРИТЕ СО ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИУгостителит ќе мора да ги почитуваат рестриктивните мерки и да затворат во 18 часот. (Фото: СДК.МК)

    Повеќето хотели на охридско-струшката ривиера ќе ја дочекаат Новата година со клуч на врата. Најавите за резервации на гости од Бугарија, Албанија, Србија не се реализираа поради забраната за организирани новогодишни прослави со што хотелските капацитети сега се со минимална исполнетост од околу 5 проценти.

    „Со оглед на состојбата интерес имаше многу помал за разлика од претходните години но и тие се откажаа. Некои градски хотели имаат понекое ноќевање но тоа е минимално. Иста е состојбата и во земјите од регионот. Ќе мора и овој период без гости да го издржиме и се надеваме дека за месец – два ќе почнеме да работиме. Доколку не се нормализира состојбата веќе нема да се работи дали сме затворени или не на краток период, може да останеме затворени за подолг период или воопшто да не отвориме“, вели претседателот на Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ), Крсте Блажески.

    Поради пандемијата хотелите ќе ја завршат годината без остварени приходи. Ваучер туризмот во летниот период ни малку не ги извади од лошата состојба. Хотелиерите стравуваат од долгорочни негативни последици доколку за брзо време не ги вратат странските туристи посебно Холанѓаните кои последните години беа најбројни и напосакувани гости.

    „Без странските гости охридско-струшките хостели не можат да опстанат и повеќето од нив ќе останат затворени на подолг период. За да се донесат странските гости повторно ќе мора да го издржиме и овој период. Во следните два- три месеци мора да добиваме подобри резултати каде ќе се продаваат и аранжмани. Првите гости ги очекуваме од околните држави од средина на март април. Посакувани гости ни се Холанѓаните кои доаѓаат со чартер летови. Оптимисти сме дека бројот на заразени ќе опаѓа. Очекуваме 2021 година да ја сработиме со минимални загуби но ќе ни требаат повеќе години за да ги покриеме загубите, вели Блажески.

    За време на Новогодишните празници засилени контроли во туристичките центри ќе има од полицијата и пазарните инспектори кои ќе вршат надзор во кафулињата, рестораните, хотелите и апартманите дали доследно се почитуваат безбедносните мерки против ширење на коронавирусот. Иако градот нема да биде преполн со туристи како во минатото, сепак се очекува наплив на домашни гости, има побарувачка на станови и викендици.

    „Поседување на сопствени виекендици тоа е препорака тие да не се издаваат и да не се злоупотребува собирање на поголеми групи на луѓе во такви објекти.Оние објекти кои што се регистрирани за вршење на таква дејност можат да работат доколку се почитуваат протоколите“, вели Цветко Ристески раководител на Пазарен инспекторат Охрид.

    Угостителите доследно ќе мора да ги почитуваат рестриктивните мерки и да затворат во 18 часот, хотелите и пансионите ќе може да служат храна до 21 часот , но со строго почитување на протоколите во спротивно ќе бидат парично казнети а нивните објекти ќе бидат затворени.

    „Навремено да се подготват за доследна, целосна и строга примена на сите препораки со цел заштита на населението од ковид- 19 да ги почитуваат овие одрдби и секако нагласено им е дека полициските службеници ќе вршат интензивни конторли по овие и по други основи“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

    Изминатиот период само на подрачјето на Охрид пазарните инспектори напишале 12 казни за непочитување на протоколите.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира