ОХРИД ЌЕ БИДЕ УКРАСЕН СО КИЛИМ ОД 50.000 ЦВЕЌИЊА

    ОХРИД ЌЕ БИДЕ УКРАСЕН СО КИЛИМ ОД 50.000 ЦВЕЌИЊАЦвеќињата ќе се садат и во градот и во околината (Фото: СДК.МК)

    „Охридски комуналец” почна со садењето на околу 50.000 летни цвеќиња низ Охрид. Ќе бидат засадени во парковите, на кружните текови и на други зелени површини низ целиот град и околината, со што Охрид ќе добие најголем цветен килим досега.

    „Ќе засадиме цвеќиња во градскиот парк, на кружните текови, покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, покрај дрворедите во централното градско подрачје и на други хортикултурно уредени површини во градот и приградските населби. Ова е цветен расад со агератум, салвија, петунија, сардела, цинија, ‘лепи Јово‘ и ‘џунџуле‘“, вели директорот на „Охридски комуналец” Љупчо Грданоски.

    Садењето ќе трае и во текот на идната недела, додека не се достигне бројката од 50.000 садници.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира