ОХРИД ПОСТХУМНО ЌЕ МУ ЈА ДОДЕЛИ СВЕТИКЛИМЕНТОВАТА НАГРАДА НА ПОКОЈНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СТОЈАНОВСКИ

    ОХРИД ПОСТХУМНО ЌЕ МУ ЈА ДОДЕЛИ СВЕТИКЛИМЕНТОВАТА НАГРАДА НА ПОКОЈНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СТОЈАНОВСКИОхрид му оддава почит на Јован Стојаноски на првата годишнина од неговата смрт (Фото: СДК.МК)

    На предлог на Стручната комисија за доделување општински награди и признанија, највисокото општинско признание „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2019 година постхумно ќе му се додели на прерано починатиот градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски, соопштија од локалната самоуправа.

    Решението за доделувањето на наградата, за која имаше пет апликации, го донесе градоначалникот Константин Георгиески. Во образложението, покрај другото, стои дека со постхумното доделување на највисокото општинско признание на прерано починатиот Стојаноски му се оддаваат должна почит и заслужено место во современата историја на Охрид.

    Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Охрид додели две повелби „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ од пристигнатите осум апликации и еден предлог на Комисијата.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира