ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА ДОБИ НАД 1.500 ЕВРА ОД ОХРИДСКО ЛЕТО, ПАРИ СОБРАНИ ОД КОНЦЕРТОТ НА „ТАНЕЦ“ И „ЛАДО“

    ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА ДОБИ НАД 1.500 ЕВРА ОД ОХРИДСКО ЛЕТО, ПАРИ СОБРАНИ ОД КОНЦЕРТОТ НА „ТАНЕЦ“ И „ЛАДО“Парите ќе бидат искористени за набавка на скафандери, маски и средства за хигиена за Болницата. (Фото: СДК.МК)

    Фестивалот Охридско лето ѝдодели 95 илјади денари (околу 1.500 евра) на Општата болница од Охрид, за полесно справување во борбата против ковид-19. Станува збор за средства собрани од продажбата на влезници од хуманитарниот концерт „Танец и Ладо под ѕвездите“ кој се оддржа годинава на Фестивалот. Парите ќе бидат искористени за набавка на скафандери, маски и средства за хигиена.

    „Во овие тешки времиња кога се соочуваме со најголемата здравствена криза секоја помош е неопходна. Изразуваме огромна благодарност до Охридско лето за ваквиот гест со кој покажаа дека здравствените работници не се оставени самите на себе во справувањето со коронавирусот. Во услови на пандемија сите заедно сплотени може да излеземе како победници.  Ваквите моменти на хуманост ни даваат сила за успешно да одговориме на задачата“, вели директорот Болницата, д-р Горан Балевски.

    Од Фестивалот велат дека одлуката да се реализира хуманитарен концерт е донесена уште при објавување на програмата со цел да се помогне здравството кое е најпогодено со ковид-пандемијата.

    „Во време кога сите обединети се справуваме со пандемијата, во време кога здравствените работници се нашите херои одлучивме концертот ‘Танец и Ладо под ѕвездите’ на Националниот ансамбл за народни игри и песни Танец и Ансамблот на народни хрватски игри и песни Ладо од  Хрватска кој беше на програмата на 28 јули на Античкиот театар да биде од хуманитарен карактер, а средствата од влезниците да ги донираме во здравството. Со тоа сакаме покажеме дека сите сме заедно, сплотени, во борбата со коронавирусот, но и да изразиме огромна благодарност за сѐ она што го прават медицинските лица“, вели директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира