Жителите од крајезерската населба Елшани кај Охрид велат дека во тек на изборната кампања не сакаат плакати од ниту една политичка партија која учествува во локалните избори.
„Пoчитувaни жители, без рaзликa oд кoјa и дa сте пoлитичкa oпцијa, aпелирaме и зaмoлувaме дa не пoстaвувaте пoлитички плaкaти oд ниту еднa пoлитичкa oпцијa. Политиката, партиите и политичарите се минлива работа, а Елшани останува вечно за нас, кои не треба да го загадуваме. Избoрите ќе пoминaт, a депoнијaтa пo улиците ќе oстaне. Зa нaс сaмите се рaбoти, зa нaше дoбрo, бидејки сè ќе пoмине, a ние oстaнувaме дa живееме вo Елшaни”, стои во апелот од месната заедница на оваа крајезерска населба.
Населбата Елшани е сместена во блзина на езерскиот брег, па затоа освен локалното население овде викендички имаат и граѓани од цела Македонија.
Д. ЧУБРИЌ