ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЌЕ ГО СПАСУВА ГРАДОТ ОД ЉАНГАЧИ

    ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ЌЕ ГО СПАСУВА ГРАДОТ ОД ЉАНГАЧИСтационарот ќе ги покрива Охрид, Струга, Ресен и Дебрца. - Новиот градоначалник на Охрид, Јован Стојановски (Фото: Д. Чубриќ)

    Новиот градоначалник на Охрид, Јован Стојановски, во своето прво официјално обраќање од оваа функција кажа дека заедно со здружението Анималија ќе го решава проблемот со кучињата скитници, кои го сардисаа градот. Тој најави стерилизација, нега и згрижување на љангачите, како што охриѓани ги викаат бездомните кучиња.

    Овој проблем го сфативме многу сериозно и така се однесуваме кон него. Морам да кажам дека тоа не може да се реши наеднаш, бидејќи сме обврзани да почитуваме одредени законски регулативи. Резултатите од нашите активности ќе бидат видливи на подолг рок, кажа градоначалникот Стојановски.

    Директорката на Југозападниот плански регион со седиште во Струга, Мирјана Лозановска, најави помош во решавањето на овој проблем.

    Ние ќе аплицираме за добивање средства за изградба на стационар за бездомни кучиња за Охрид, Струга, Ресен и Дебрца. Не треба да се заборави дека потоа ќе треба да се обезбеди и соодветна локација за стационарот, рече Лозановска.

    Во текот на годинава, бездомните кучиња во Охрид напаѓаа граѓани и туристи дури и во центарот на градот.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира