ОХРИДСКИТЕ БРОДОВИ „ПЛОВАТ“ НА СУВО ЗАРАДИ КОНТРОЛА ОД ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"ОХРИД,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОХРИДСКИТЕ БРОДОВИ „ПЛОВАТ“ НА СУВО ЗАРАДИ КОНТРОЛА ОД ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ

    Во пристаништето во Свети Наум во Охрид започна редовниот технички преглед на дел од охридските бродови што за прв пат се прави на суво, а не како досега во вода со помош на нуркачи.

    Ваков тип на контрола со подигнување на бродовите се врши на три години, по што бродовите добиваат сертификат дека се исправни за пловење. Проверката опфаќа контрола на моторите,  електричната инсталација,  системите за испумпување на вода,  за безбедност на патниците и други проверки. Ова е прв пат проверката на бродовите да се врши со подигнување на платформа, како што бараат осигурителните компании. 

    Техничкиот преглед на суво се врши во Св Наум затоа што на Охридското езеро тоа е најмирно место и најзаштитено од  било кој вид на ветар.

    „Најважно е да се провери подводниот дел на бродот, односно она што не е секојдневно достапно. Останатите делови ќе бидат проверувани кога бродот ќе се спушти во вода кога ќе дојде во нормална позиција и состојба, а прегледот на останатите делови ќе се врши на брод“, изјави капетанот на Капетанијата Горан Устијаноски.

    Моментално за регистрација во Охридското езеро има 4 бродови

    Сертифицирањето на бродовите го врши меѓународната групација Бироверитас која од 2010 година е овластена од Министерството за транспорт и врски да врши инспекции и прегледи на пловните објекти во Македонија.

    Претходно сертификатите ги издаваше „Лојд“, но се откажа откако во 2009 година потона бродот „Илинден“ при што се удавија 15 бугарски туристи, а против претставникот на компанијата беше поднесена кривична пријава.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира