ОХРИДСКИТЕ КОМУНАЛЦИ ЌЕ СОБИРААТ ОТПАД СО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

    ОХРИДСКИТЕ КОМУНАЛЦИ ЌЕ СОБИРААТ ОТПАД СО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛОВозилото ќе се користи за собирање отпад од тесните улички во центарот (Фото: СДК.МК)

    Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ прво во Охрид донесе електрично возило, кое ќе собира отпад од места непристапни за големите камиони. За комуналците беше вистинско мачење чистењето на тесните улички во стариот дел на градот.

    „Ова возило го набавивме од сопствени средства. Засега немаме намера да набавуваме други. Прво да видиме како ќе функционира, иако досегашното искуство покажува дека направивме вистински потег. Тоа ќе собира ситен отпад и ќе ги празни корпите во чаршијата и во пешачките зони во централното градско подрачје”, ни изјави директорот на „Охридски комуналец” Љупчо Грданоски.

    Ова е прво електрично возило кое се појавило на охридските улици.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира