Охридското Eзеро на градскиот кеј исфрли околу 20 метри кубни трска. Денеска комуналците со трактори и со кајчиња го исчистија овој дел од брегот, кој е и омилено шеталиште за охриѓани и за гостите.
„Во текот на денешниов ден, ангажиравме повеќе работници кои од кејот, во близина на Холандскиот парк, подигнаа околу 20 мерти кубни трска. Тоа е трската што деновиве ја откорнаа брановите и силниот ветер. Во овој период еден дел од трската сама се распаѓа, а на нејзино место никне нова”, вели директорот на „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски.
На овој дел од кејот, всушност, и почнува просторот кој е покриен со трска и продолжува во правец на Горица.
Д. ЧУБРИЌ