ОНКОЛОЗИ ОД СКОПЈЕ СЕКОЈ ПЕТОК ПРЕГЛЕДУВААТ ПАЦИЕНТИ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА, ОБЈАВЕНИ ТЕРМИНИТЕ ЗА АВГУСТ

    ОНКОЛОЗИ ОД СКОПЈЕ СЕКОЈ ПЕТОК ПРЕГЛЕДУВААТ ПАЦИЕНТИ ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА, ОБЈАВЕНИ ТЕРМИНИТЕ ЗА АВГУСТОнколошкото одделение при Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ Битола од неодамна започна со редовни прегледи на онколози од Скопје, што значително ја олеснува медицинската грижа за пациентите во Битола и регионот. (Фото: СДК.МК)

    Онколози од Kлиниката за радиотерапија и онкологија од Скопје секој петок продолжуваат со прегледи на онколошки пациенти во Клиничката болница во Битола, соопштија од Управата на Болницата.

    Со ваквата соработка меѓу Клиниката и Битолската болница, пациените од Битола и поширокиот Пелагониски Регион наместо да се мачат и да патуваат на прегледи за  одредени малигни заболувања во Скопје, ќе можат да се прегледаат на Онколошкото одделение при Клиничката болница во Битола.

    Ваквата пракса започна пред неколку недели, а Болницата веќе ги објави тремините на онколошките специјалисти кои во август ќе вршат прегледи во Битола. На 1 август доаѓа асистент. д-р. Марина Иљоска, на 8 август проф. д-р. Виолета Клисаровска, на 15 август доц. д-р. Ненад Митрески и на 22 август м-р д-р. Мери Пешевска.

    „Онколошкото одделение при Клиничката болница ‘Др. Трифун Пановски’ Битола од неодамна започна со редовни прегледи на онколози од Скопје, што значително ја олеснува медицинската грижа за пациентите во Битола и регионот. Онколозите од Скопје ќе прегледуваат во Битола секој петок во рамките на иницијатива за поголема достапност на здравствените услуги со цел обезбедување квалитетна и локална грижа за пациентите“, соопштија од Битолската болница.

    Битола е еден од градовите со најголем број на пацинети со малигни заболувања, а на Онколошкото одделение при Клиничката болница доаѓаат болни од целиот Југо-западен Регион во државата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира