ОПШТИНА ЧАШКА ЗА ПРВПАТ ДОБИ ГРАДОНАЧАЛНИК АЛБАНЕЦ, ДУИ ОБЈАВИ ПОБЕДА НА СУАТ ШАЌИРОВ

    ОПШТИНА ЧАШКА ЗА ПРВПАТ ДОБИ ГРАДОНАЧАЛНИК АЛБАНЕЦ, ДУИ ОБЈАВИ ПОБЕДА НА СУАТ ШАЌИРОВСуат Шаќиров беше организациски директор на Клиниката за пулмологија во време на владеењето на коалицијата СДСМ-ДУИ. (Фото: СДК.МК)

    Суат Шаќиров, кандидат на ДУИ е градоначалник на Општина Чашка, објави партијата чиј кадар беше тој за овие локални избори во коалицијата Национална алијанса за интеграција-НАИ.  Во Горно и Долно Јаболчиште, каде живее околу пет илјади албанско население, се слави.

    „Во Општина Чашка имаме историски резултат, за прв пат оваа Општина ќе биде предводена од кандидат на Националната алијанса за интеграција“, кажа Арбер Адеми од ДУИ.

    Суат Шаќиров беше организациски директор на Клиниката за пулмологија во време на владеењето на коалицијата СДСМ-ДУИ.

    Во Опшина Чашка имаше уште двајца кандидати за градоначалник, Горан Стојановски од СДСМ и Дејан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ. Наспроти декларативната спротиставеност на албанските партии, „Вреди“ не номинираше нивен кандидат за градоначалник на Чашка. Таму досега функционираше во пракса коалицијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, градоначалник беше Горан Стојановски и претседател на Совет Трајко Мишковски.

    Во Општина Чашка има 6.141 запишан гласач, а во Општината според пописот од 2021 година има 7.942 жители, од нив Албанци се 4.032.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира