ОПШТИНА КАРПОШ БЕСПЛАТНО ЌЕ СОБИРА СТАРИ ТЕЛЕВИЗОРИ И ШПОРЕТИ ПО ПРИЈАВА НА ГРАЃАНИ

    ОПШТИНА КАРПОШ БЕСПЛАТНО ЌЕ СОБИРА СТАРИ ТЕЛЕВИЗОРИ И ШПОРЕТИ ПО ПРИЈАВА НА ГРАЃАНИГраѓаните треба да се јават и да пријават електричен отпад на телефонскиот број 070 236-000, по што екипи од Општината ќе го подигнат. (Фото: Општина Карпош)

    Општина Карпош бесплатно ќе собира од домовите стари фрижидери, шпорети, телевизори и друг електричен отпад. Граѓаните треба да се јават и да пријават ваков вид отпад на телефонскиот број 070 236-000, по што екипи од Општината ќе го подигнат.

    „На овој начин ќе спречиме да се создаваат нови диви депонии со габаритен отпад, кои потоа се пали и дополнително придонесува за загадување на амбиенталниот воздух. Апелираме до сите граѓани, да ги пријавуваат своите неупотребливи или стари апарати за домаќинство и истите правилно да бидат собрани, преработени и рециклирани, а не да завршат покрај контејнерите“, вели градоначалникот Стефан Богоев.

    Оваа еко–акција Општина Карпош ја спроведува во партнерство со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“.

    Директорот на „Нула отпад“ Марјанчо Дамески рече дека граѓаните најчесто пријавуваат како отпад телевизори и фрижидери, но и други помали апарати од домаќинството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира