ОПШТИНА КАРПОШ ФАТИЛА ЛИЦА КОИ ПАЛЕЛЕ КАБЛИ ВО ЗЛОКУЌАНИ

    ОПШТИНА КАРПОШ ФАТИЛА ЛИЦА КОИ ПАЛЕЛЕ КАБЛИ ВО ЗЛОКУЌАНИ„Поттикнувачите на загадувањето биле легитимирани од страна на службените лица од МВР, за што ќе има соодветни санкции“, велат од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев.

    Општина Карпош синоќа фатила граѓани кои палеле електрични кабли. Инспекторите од Општина Карпош заедно со службени лица од Министерството за внатрешни работи вечерта вршеле контрола на терен при што во населбата Злокуќани забележале палење на секундарен отпад, што е еден од најчестите загадувачи на воздухот.

    „На фудбалското игралиште во Злокуќани, нашите комунални инспектори придружувани од лица од МВР, констатирале палење на повеќе огнови во кои се гореле  поголеми количини електрични кабли, со цел да се издвои бакарот од пластиката, кој пак потоа го препродаваат по отпадите. Поттикнувачите на загадувањето биле легитимирани од страна на службените лица од МВР, за што ќе има соодветни санкции“, велат од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев.

    Од таму додаваат дека попладневните и ноќните контроли на инспекцијата на Општина Карпош ќе продолжат со засилено темпо и во наредниот период.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира