ОПШТИНА КАРПОШ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ГО ОБВИНИ КОСОВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОПШТИНА КАРПОШ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ГО ОБВИНИ КОСОВО

    Општина Карпош вели дека за енормното загадување во саботата навечер е виновно Косово.

    Во соопштението објавено од општината се вели дека по објавата на податоците од мерната станица во Карпош за енормно загадување и присуство на 1.218 ПМ10 честички во саботата навечер повеќемина граѓани се јавиле со посочување на можните загадувачи.

    „Според дојавите и снимки од жители на Карпош, во периодот кога имало најголемо загадување, од повисоките места во Карпош (кај манастирот Св. Пантелејмон) е забележан облак кој се движи долж течението на реката Лепенец кон Карпош“, се вели во соопштението од општината.

    Општината на својата веб страница објави и слики со графички приказ кој, според граѓани потвредува од каде дошле ПМ честичките.

    Повикувајќи се на сведочења на граѓани, од Карпош велдат дека „најверојатно станува збор за ПМ честички кои се нуспроизвод од изработка на градежни материјали,  а токму во тој дел кај Качанички пат се наоѓа најголемата цементарница на соседно Косово, но и други помали индустриски капацитети за произвидство на гипс и други градежни материјали“.

    „Општина Карпош очекува од надлежните државни инспекциски служби задолжени за заштита на човековата околина да го лоцираат најголемиот потенцијален загадувач и соодветно да реагираат, со цел да се спречат вакви испади“, стои во соопштението. 

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира