ОПШТИНА ТЕАРЦЕ ЌЕ ДОБИЕ СОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА НАВОДУВАЊЕ СО СРЕДСТВА ОД ИПА ФОНДОВИТЕ

    ОПШТИНА ТЕАРЦЕ ЌЕ ДОБИЕ СОВРЕМЕН СИСТЕМ ЗА НАВОДУВАЊЕ СО СРЕДСТВА ОД ИПА ФОНДОВИТЕСистемот ќе има 25 километри секундарна мрежа, а водата ќе се зема од реката Бистрица (Фото: СДК.МК)

    Во Општина Теарце започна изградбата на минисистем за наводнување, со кој 330 хектари обработливо земјиште, кое е во сопственост на 150 локални земјоделци, ќе добијат современ систем за наводнување. Средствата во висина од 1.750.000 евра се обезбедени од Европската Унија преку ИПА фондовите. Системот ќе има 25 километри секундарна мрежа, а водата ќе се добива од зафатот на реката Бистрица над Теарце.

    „Овој проект е најголемиот во групата слични проекти преку кои ЕУ инвестира во мали системи за наводнување на локално ниво, со цел да охрабруваме ефикасно користење на водата во земјоделскиот сектор. ЕУ планира дополнителни 4,8 милиони евра за ИПА 3 проектите за изградба на мали системи за наводнување, па така вкупните инвестиции ќе достигнат близу 13 милиони евра“, изјави в. д. амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Џулијан Васало.

    Изградбата на еден ваков минисистем многу ќе значи за земјоделците од овој дел на Полог и ќе придонесе за зголемување на земјоделските приноси, кои поради недостиг на доволни количини вода за наводнување од година во година се намалуваат.

    Овој минисистем за наводнување ќе ги користи водите од Бистрица и според изведувачите на проектот, ќе бидат запазени сите еколошки норми и биолошкиот минимум на реката, а на местото каде што ќе се гради зафатот на водата, ќе се направи и рибна патека.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира