ОПШТИНА ТЕТОВО НА ЈАВНА РАСПРАВА ГО СТАВИ ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ ЗА 2024

    ОПШТИНА ТЕТОВО НА ЈАВНА РАСПРАВА ГО СТАВИ ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ ЗА 2024Буџетот за 2024 година на Општина Тетово е околу 2 милијарди денари. (Фото: СДК.МК)

    Тетовци денеска имаа можност на јавна расправа да даваат сугестии, предлози и забелешки за буџетот на Општината за 2024 година. Велејќи дека сакаат транспарентност во неговото носење, Општината предлог-буџетот го стави на јавна расправа на која раководителите на секторите пред присутните граѓани даваа образложение за тоа колку пари планираат за наредната година и на што ќе ги потрошат.

    „На јавната дебата за буџетот на Општина Тетово за наредната 2024 година ги поканивме да присуствуваат претставници од невладините организации, бизнис секторот, граѓанскиот сектор и сите заинтересирани граѓани од Тетово. Сега буџетот на Општината не го правиме во канцеларии и зад затворени врати како порано, туку ова е отворен и транспарентен процес на кој ги прифаќаме забелешките и предлозите за заедно со граѓаните да го составиме буџетот. Со овој буџет имаме предвидено средства за инфраструктура, образование, култура, спорт и сите други области. Во предложениот буџет на Општина Тетово за 2024 година планирани се општи приходи во износ од една милијарда, 911 милиони и 817 илјади денари, додека општите расходи се во износ од една милијарда 911 милиони и 817 илјади денари, односно предвиден е дефицит од 246 илјади денари“, изјави Бесар Дурмиши, претседавач на Советот на Општина Тетово.

    На јавната дебата по предлог-буџетот од граѓаните беа искажани повеќе предлози и забелешки, а тие најмногу се однесуваа на подобрување на инфраструктурата во одделни делови од градот и околните населени места.

    З.АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира