ОПШТИНА ТЕТОВО ОБЈАВИ ЛИСТА СО 78 ХОНОРАРЦИ КОИ ГИ АНГАЖИРАЛА ВО ИЗМИНАТИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ

    ОПШТИНА ТЕТОВО ОБЈАВИ ЛИСТА СО 78 ХОНОРАРЦИ КОИ ГИ АНГАЖИРАЛА ВО ИЗМИНАТИТЕ ТРИ МЕСЕЦИВисината на хонорарите се движи од 12.000 до 30.000 денари месечно (Фото: СДК.МК)

    Откако стана градоначалник на Тетово, Билал Касами најави поголема транспарентност во работењето и дека на секои три месеци ќе ги објавува имињата на лицата кои општината ќе ги ангажира со договор на дело. Тој список е објавен на официјалната веб страница на општината и од него се гледа дека од почетокот на јануари до крајот на март оваа година биле потпишани 78 вакви договори со физички лица.

    „Општина Тетово во првите три месеци од годината склучила 78 договори на дело. Од нив, 30 се од претходната администрација. Значителен број лица се ангажирани во Општинскиот инспекторат како одржувачи на редот, бидејќи констатиравме дека имаше недостиг во оваа област. Исто така, некои договори се за административци во Комисијата за легализација и урбанизам поради големиот обем на работа што го има овој сектор и бројните предмети кои треба навремено да се решат според Законот за легализација. Друг дел е ангажиран по потреба во различни сектори. Исто така, ја известуваме јавноста дека сите овие хонорарци на крајот од секој месец доставуваат извештај за сработеното“, соопштуваат од Општина Тетово.

    Во објавата не се наведува кое лице за која активност го склучила договорот, туку само стојат името и презимето, периодот за кој се однесува договорот на дело и висината на хонорарите, кои се движат од 12.000 до 30.000 денари месечно. Според објавените имиња, од 78 хонорарно ангажирани работници, само двајца се од македонска националност.

    Претходната локална власт предводена од Теута Арифи склучила 811 договори на дело со вкупно 544 лица. Касами обелодени дека дел од овие лица ги земале хонорарите, а воопшто не доаѓале на работа.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира