ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ УРНА ТРАФИКИТЕ НА АВТОБУСКАТА СТАНИЦА КАЈ СКОПСКИ ЗЕЛЕН ПАЗАР

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ УРНА ТРАФИКИТЕ НА АВТОБУСКАТА СТАНИЦА КАЈ СКОПСКИ ЗЕЛЕН ПАЗАРУрнати се пет времени објекти. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар денес ги урна трафиките кои се наоѓаат на тротоарот кај автобуската станица кај Зелен пазар во Скопје. Од Општината велат дека станува збор за пет времени објекти и се пристапило кон нивно уривање откако инвеститорите, односно сопствениците не постапиле по издадените решенија за отстранување.

    Овој потег  есенва беше реновиран и уреден со нов плочник и зеленило од Град Скопје.

    „Акцијата продолжува и во наредниот период и ќе опфати уривање на вкупно 18 нелегални објекти на територија на општината“, велат од Општина Центар.

    Вчера во рамките на акцијата беа урнати два објекти на улицата Водњанска.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира