ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО МЕНУВА ИСКРШЕНИОТ ПЛОЧНИК НА ПЛОШТАД ЈАДРАН, ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ И СМАРТ КЛУПИ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО МЕНУВА ИСКРШЕНИОТ ПЛОЧНИК НА ПЛОШТАД ЈАДРАН, ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ И СМАРТ КЛУПИОштетените елементи како и дел од пристапните патеки кои водат кон Плоштадот Македонија и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, ќе бидат заменети и обновени со нови павер елементи.(Фото: Општина Центар)

    Општина Центар почна со градежни работи за менување на стариот и искршен плочник на мини плоштадот Јадран во строгиот центар на Скопје. Од Општината велат дека  оштетените елементи како и дел од пристапните патеки кои водат кон Плоштадот Македонија и Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, ќе бидат заменети и обновени со нови павер елементи.

    На целиот простор се предвидува поставување смарт клупи и подигнување ново зеленило. Ќе бидат поставени три врсти зеленило и тоа  високи садници, грмушки и зелени покривачи. Покрај хортикултурното уредување на овој потег, ќе биде заменет и системот за наводнување, во современ систем кој автоматски и континуирано ќе го наводнува и одржува новото поставено зеленило.

    „Со реконструкцијата на овој дел сообраќајното решение нема да има измени, ќе се задржи постојниот пристап за возила на Пожарна, интервентни и дипломатски возила, како и за возилата на резидентните паркиралишта на ЈП ‘Паркинзи на Општина Центар‘“, велат од Општина Центар.

    Планирано е градежните активности да завршат за 2 месеци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира