ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА УРИВА ДИВАТА ТЕРАСА НА ГОСТИЛНИЦАТА „АМАНЕТ“ ВО ПАЛАТАТА „ЕМАНУЕЛ ЧУЧКОВ“

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА УРИВА ДИВАТА ТЕРАСА НА ГОСТИЛНИЦАТА „АМАНЕТ“ ВО ПАЛАТАТА „ЕМАНУЕЛ ЧУЧКОВ“Трошоците за уривање ќе ги сноси инвеститорот.(Фото: К.Попов)

    Во рамките на акцијата за отстранување на нелегално поставени и изградени објекти Општина Центар денеска ја урива дивата тераса на гостилницата „Аманет“ во палатата „Емануел Чучков“.

    Општина Центар на први октомври донесе решение за уривање на терасата на гостилницата во барокната палатата бидејќи е изградена на јавна површина без дозвола и оневозможува слободно движење по тротоарите и одвивање на сообраќајот. Тогаш инспекторите од Општината му дадоа рок на сопственикот да ја отстрани во рок од три дена. Но, оттогаш поминаа месец и половина а терасата не беше отстранета.

    „Сопственикот во предвидениот рок не ја отстрани урбаната опрема па затоа постапи Општината. Трошоците за уривање ќе ги сноси инвеститорот“, велат од Општина Центар.

    Општината минатата недела урна дивоградби на улицата Водњанска, како и неколку трафики во центарот на градот на автобуската станица кај Зелен пазар.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира