ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ АНАЛИЗИРА ДАЛИ ПАК ДА СЕ ПОСТАВАТ БИЛБОРДИ, ДОГОВОРОТ СО ФИРМАТА ИСТЕКУВА НА 15 МАРТ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ АНАЛИЗИРА ДАЛИ ПАК ДА СЕ ПОСТАВАТ БИЛБОРДИ, ДОГОВОРОТ СО ФИРМАТА ИСТЕКУВА НА 15 МАРТСогласно одредбите, кога ќе заврши договорот фирмата што стопанисуваше со билбордите е должна да ги отстрани. (Фото: СДК.МК)

    Општина Центар ќе прави анализа дали на пешачките патеки и улиците на нејзина територија пак да се постават билборди. Актуелниот договор со агенцијата „Медиа центар маркетинг“ истекува на 15 март. Согласно одредбите ,кога ќе заврши договорот фирмата што стопанисуваше со билбордите е должна да ги отстрани, со оглед дека се нејзина сопственост.

    „По истекот на договорот ќе се отвори прашањето за идниот начин на постапување, имајќи предвид дека постојат повеќе иницијативи, и од страна на градоначалникот и од страна на советничките групи. Откако ќе се направи анализа за тоа што е најдобро за граѓаните на Општина Центар, ќе се донесе и соодветна одлука“, велат од Општина Центар.

    Агенцијата „Медиа центар маркетинг“ бараше од Општина Центар договорот да ѝ се продолжи за уште 2 години оти за време на пандемијата на ковид-19 не можела да работи и не остварувала профит. Ова барање не беше прифатено од Советот на Општина Центар на седницата која се одржа минатиот месец.

    Општина Центар во март 2016, во мандатот на градоначалникот Андреј Жерновски, склучи договор на 10 години со „Медиа центар маркетинг“ за поставување билборди низ општината.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира