ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА БЛОКАТОРИТЕ КОИ ГИ СТАВААТ ЖИТЕЛИТЕ И ФИРМИТЕ ЗА ДА СИ ЧУВААТ ПАРКИНГ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА БЛОКАТОРИТЕ КОИ ГИ СТАВААТ ЖИТЕЛИТЕ И ФИРМИТЕ ЗА ДА СИ ЧУВААТ ПАРКИНГЖители и фирми низ цел Центар, а особено во Дебар Маало, сами си поставуваат блокатори за да си чуваат паркинг место. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар најавува дека ќе почне со контроли за незаконски поставени паркинг блокатори на улици и тротоари, односно на јавна површина. Граѓани и фирми низ цел Центар, а особено во Дебар Маало, сами си поставуваат блокатори за да си чуваат паркинг место. Иако се станари, тие немаат право ниту можат да добијат дозвола од Општината за поставување блокатори.

    Ова е една од мерките со кои во периодот кој следи ќе посветиме повеќе внимание на процесот на ослободување на јавните простори. Упатуваме апел до сите граѓани и правни лица кои имаат незаконски поставено блокатори на јавни површини, во најкраток можен рок самите да ги отстранат. Во спротивно, блокаторите ќе бидат отстранети од страна на Општината, а одговорните ќе бидат санкционирани согласно Законот за јавна чистота“, велат од Инспекторатот на Општина Центар.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира