ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГИ УРИВА СИТЕ ЗАГРАДЕНИ ТЕРАСИ НА ЛЕНИНОВА ОТИ СЕ НЕЛЕГАЛНИ

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГИ УРИВА СИТЕ ЗАГРАДЕНИ ТЕРАСИ НА ЛЕНИНОВА ОТИ СЕ НЕЛЕГАЛНИОпштина Центар им доставила допис на кафанџиите дека со заградените тераси узурпираат јавна површина, односно зафаќаат повеќе простор отколку што им е одобрено при издавањето на дозволата од Град Скопје.-Дел од објектите на улица Аминта Трети.(Фото: К.Попов)

    Сите зимски тераси на кафулињата и рестораните на улица Аминта Трети (Ленинова) ќе се уриваат бидејќи се нелегални. Општина Центар им доставила допис на кафанџиите дека со заградените тераси узурпираат јавна површина, односно зафаќаат повеќе простор отколку што им е одобрено при издавањето на дозволата од Град Скопје.

    Вчера претставници на Здружението за заштита на правата на угостителите Хорекаши имале состанок со градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. На состанокот им било кажано дека нема да се толерира узурпирање на јавен простор и доколку газдите самите не ги отстранат терасите тоа ќе го стори Општината. Дел од кафанџиите прифатиле самите да ги отстранат деловите кои узурпираат јавен простор, а едно кафуле најавило дека целосно ќе го затвори објектот.

    „Во елаборатите кои кафанџиите ги доставуваат до Град Скопје и врз основа на кои им се дава одобрение за работа е една слика, на терен друга. Според елаборатите на јавна површина кафулето има пријавено две-три маси, а на терен има многу повеќе. Јасно им беше кажано дека нема да толерираме узурпирање на јавна површина и доколку во одредениот рок сами не ги отстранат, ние ќе ги уриваме“, брифираат од Општина Центар.

    Со решение за уривање се околу 30 кафулиња и ресторани. Покрај на улица Ленинова, нелегални се и објекти во Дебар маало, Капиштец, улица Македонија.

    Лани на 27 јуни Општина Центар три тераси на улица Аминта Трети бидејќи летните тераси им зафаќаа јавен површина а за тоа немаа дозвола.

    Советот на Град Скопје по предлог на градоначалникот Петре Шилегов на 11 април лани, донесе нов Правилник со кој се предвидува на јавните површини на кои ќе се поставуваат маси и столици да има слободна проодна површина од 2,5 метри почнувајќи од рабниците или велосипедските патеки. На оние тротоари каде има дрва, столбови или друга опрема тогаш просторот за пешаци не треба да биде помал од 1,2 метри.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари